Државните службеници во Романија ќе одат на принуден неплатен одмор

Сите државни службеници во Романија ќе треба да заминат на десетдневен принуден неплатен одмор, информираше министерот за финансии Георге Поџа. Како што јавија локалните медиуми, Поџа ги претставил фискалните мерки договорени со ММФ со кој властите во Букурешт склучија договор од 12,95 милијарди евра. Се очекува годинава романската економија да доживее пад од над 8 проценти.