Претседателот на Костарика болен од „свински“ грип

Претседателот на Костарика Оскар Ариас боледува од грипот од типот А (Х1 Н1) попознат како свински грип, изјавија владини службеници за локалните медиуми. Првите симптоми Ариас ги добил во неделата, кога се пожалил на болки во грлото и висока температура. Во вторникот било потврдено дека тој има свински грип кој од неодамна почна да се шири во главниот град на Костарика, Сан Хозе. Здравствената состојба на претседателот е стабилна и тој би требало да се врати на работа до крајот на неделава, информираа од неговиот кабинет.