На глобалната рецесија и се гледа крајот?

Кинеското биро за статистика информираше дека на глобалната рецесија веројатно и се ближи крајот. Кинеската продажба на мало во јули пораснала за 15,2 насто, споредбено со истиот месец лани. И најголемата европска економија – германската покажала знаци за зголемена доверба во бизнисот и потрошувачите. Германскиот извоз пораснал за 7 насто во јуни, што е најголем за последните три години.