Нобеловката Ебади против санкции спрема Иран

Добитничката на Нобеловата награда за мир, иранката Ширин Ебади која е во посета на Јужна Кореа денеска изјави дека во Иран се задушени протестите на опозицијата и побара поголема поддршка од светот. Сепак таа додаде дека е против воени и економски санкции спрема Иран, бидејќи со тоа, како што рече, само ќе се влоши ситуацијата во нејзината земја.