Туркменистан го слави бостанот

Туркменистанците утре го прославуваат државниот празник Ден на бостанот. Празникот се прославува од 1994 година, а се паѓа во втората недела на август.
Во Туркменистан растат стотици видови бостан, а речиси сите, од земјоделците до претседателот на земјата сметаат дека туркменистанскиот бостан е најсладок и највкусен во светот.
Претседателот Гурбангули Бердимухамедов, во пресрет на празникот, им честиташе на граѓаните и рече дека бостанот е дел од „богатството на туркменистанскиот народ“.