Киргистан го отфрли противењето на Узбекистан за отворање руска воена база

Киргистан го отфрли противењето на Узбекистан за отворање нова руска воена база во близина на узбекистанската граница. Киргистанските власти велат дека главната закана за нивната безбедност доаѓаат токму од узбекистанската страна на границата.
Пред неколку денови, Киргистан и дозволи на Русија да отвори втора воена база на нивна територија и сугерират базата да биде близу до границата со Узбекистан.
Узбекистанците, пак, велат дека зголеменото руско воено присуство ќе го дестабилизира регионот и ќе испровоцира етнички конфликти.