Русија потврди дека нивни подморници патролирале близу Америка

Руски генерал потврди дека две руски нуклеарни подморници патролирале крај американскиот источен брег.
Заменик шефот на руските армиски сил Анатолиј Ноговицин рече дека патролата била „нормална работа“. Тој посочи дека и американски подморници патролираат во близина на Русија.
Претходно Њујорк тајмс, цитирајќи неименуван претставник на американското министерство за одбрана, објави дека во изминатите неколку дена во близина на источниот брег биле забележани руски подморници.