Американскиот претседател Барак Обама ќе раководи на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за неширење на нуклеарното оружје и негово уништување што треба да се одржи на 24 идниот месец. Ден пред тоа Обама ќе има обраќање на годинашната сесија на Генералното собрание на Светската организација.