Махмуд Ахамдинеџад положи претседателска заклетва

Махмуд Ахмадинеџад денеска и официјално го презеде вториот мандат како претседател на Иран, откако победи на изборите одржани на 12 јуни годинава. Инаугурацијата се одржа во иранскиот парламент пред кој, како што јавуваат агенциите, биле собрани на протест стотици приврзаници на поразениот претседателски кандидат реформистот Мир Хосеин Мусави. По изборите тој го обвини Ахмадинеџад за изборен фалсификат по што дојде до масовни протести на опозицијата. Вчера портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс, на прашањето дали Вашингтон го признава Махмуд Ахмадинеџад за легитимен претседател изјави дека тој е избран лидер на Иран.