Обама го поздрави ангажманот на Клинтон во Северна Кореја

Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави напорите на поранешниот претседател Бил Клинтон за ослободување на двете американски новинарки кои издржуваат казна затвор во Северна Кореја. Еуна Ли и Лаура Линг се ослободени од затвор и моментално се наоѓаат во Јапонија. Двете беа упасени во март годинава на граничниот премин меѓу Северна Кореја и Кина. Двете новинарки беа осудени на 12 години затвор поради тоа што наводно се обиделе нелегално да ја преминат границата. Екс претседателот Клинтон вчера пристигна во ненајавена посета на Пјонгјанг, каде што се сретна со севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ил и договори ослободување на новинарките.