Хилари Клинтон на турнеја по Африка

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска почнува 11 дневна турнеја по Африка за да ја потврди американската заложба да помогне во решавањето на проблемите на Континентот, соопштено е во Вашингтон. Клинтон чија е ова најдолга турнеја откако ја презеде функцијата најнапред ќе ја посети Кенија, земја каде што бил роден таткото на сегашниот претседател Барак Обама. Таа ќе престојува и во Јужна Африка, Конго, Ангола, Нигерија, Либерија и Кап Верде.