Тројца вработени во Министерството за вонредни состојби на Русија биле застрелани ноќеска во Ингушетија. Агенцијата Интерфакс соопшти дека непознати сторители пукале врз автомобилот со кој патувале застреланите. Ингушетија е еден од најтурбулентните региони на руската јужна граница. Прорускиот ингушки лидер Јунус-Бек Јевкуров беше тешко ранет во атентат на 22 јуни.