Грузија негира дека ја гранатирала Јужна Осетија

Грузија негира дека ја гранатирала сепаратистичката република Јужна Осетија. Јужна Остија тврди дека во два наврати било пукано врз воен набљудувачки пункт. Тие велат дека истреланите гранати дошле од селото Дици, кое е на Грузиска страна од границата.
Руските власти, вчера, го предупредија Тбилиси дека нивната армија го задржува правото, во краен случај, да употреби сила, ако Грузија продолжи „со провокациите“ на Кавказот.
Обновувањето на тензиите доаѓа само една недела пред годишнината од краткотрајната војна меѓу Русија и Грузија.