Тројца американски и еден француски војник загинаа во Авганистан

Американската армија соопшти дека тројца нивни војници загинале денеска во два одделни бомбашки напади во јужен Авганистан. Француската армија, пак, соопшти дека еден француски војник бил убиен, а двајца се ранети за време на судирите со бунтовниците, северно од престолнината Кабул. Повеќе од 70 странски војници загинаа во Авганистан во јули. Поголемиот дел од нив се Американци.