Претседателот Иванов упати честитка до новиот шеф на НАТО Расмусен

Претседателот Ѓорѓе Иванов упати честитка до Андерс Фог Расмусен по повод преземањето на функцијата генерален секретар на НАТО.
Иванов во честитката вели дека, за Македонија, членството во НАТО e врвен стратешки приоритет во реализацијата на националните интереси и дека на тој план Македонија постигна „исклучителен прогрес кој едногласно беше потврден и признат“ од сите сојузници.
- За жал таквиот прогрес на мојата земја во Букурешт не беше валоризиран со покана за членство. Сепак сакам да ве информирам почитуван господине Расмусен дека Република Македонија не е обесхрабрена, цврсто опстојува на заложбите за реализација на крајната цел и впрочем, Република Македонија фактички се однесува како член на Алијасната. Длабоко сум уверен дека наскоро ќе биде отстранета единствената пречка која стои на патот на членството и мојата земја ќе го заземе заслуженото место во Алијансата, се вели во честитката од претседателот Иванов.