Венецуела законски „ја регулира слободата на изразување“

Венецуелската левичарска влада на Уго Чавез затвори 34 радио станици, под изговор дека емитувале програма без соодветна лиценца. Одлуката да се затворат 34 радија доаѓа, еден ден, откако главната венецуелска обвинителка Луиса Ортега Диаз препорача заострување на државните закони за медиуми, за да се „регулира слободата на изразување“.