Судот во Мјанмар ја одложи пресудата против Аунг Чи

Судот во Мјанмар, кој денеска требаше да донесе пресуда во процесот против про-демократската опозициона лидерка Аунг Су Чи, го одложи изрекувањето на пресудата за 11-ти август. Судијата кратко образложил дека на судот му треба уште време. Аунг Су Чи, добитничка на нобеловата награда за мир, е обвинета за прекршување на домашниот притвор, бидејки ја посети еден непоканет американец. Меѓународната заедница го осуди овој процес.