Растурен комеморативен собир во Иран

Иранската полиција го присили лидерот на опозицијата Мир Хусеин Мусави да ги напушти гробиштата јужно од Техеран каде стотина луѓе се собраа да им оддадат почит на загинатите во минатомесечните протести. Неофицијално, полицајците ги растерале насобраните и уапсиле неколкумина од нив.