САД и Британија не се откажуваат од Авганистан

Британија и Соединетите Американски Држави остануваат посветени на војната во Авганистан и покрај растечкиот број на загинати британски и американски војници. Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милбанд изјави дека операциите во Авганистан се во „тешка фаза“ изразувајки увереност дека британската јавност ја подржува мисијата. Милбанд ја даде изјавата по средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Вашингтон. Клинтон потврди дека САД нема да се откаже од војната во Авганистан.