Неофицијално, прозападните партии победиле на изборите во Молдавија

Централната изборна комисија на Молдавија денеска треба да ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори. Прелиминарните резулатати покажуваат дека прозападните партии освоиле доволно гласови за одземање на мандатот од владеачката комунистичка партија. Четирите опозициски партии имаат околу 50 проценти, а комунистите 46 насто од гласовите.