Авионска несреќа во Словенија

Две лица загинаа при пад на мал авион во близина на селото Излаке во централна Словенија. Според досегашните информации авионот бил во сопственост на Аероклубот „Загорје на Сава“. Имињата на загинатите сеуште не се соопштени а локалните власти ги испитуваат причините за инцидентот.