Британскиот премиер Гордон Браун изјави дека офанзивата на британските вооружени сили против талибанските милитанти во Авганистан е успешна. Изјавата на Браун доаѓа во услови на растечки скептицизам во британската јавност за успешноста на мисијата против талибанците, попозната како „Пантерска Канџа“.