Прва официјална комуникација меѓу Кина и Тајван

Кинескиот Претседател Ху Џинтао денеска испрати телеграмна до тајванскиот Претседател, прва комуникација меѓу лидерите на двете земји во изминативе 60 години. Во телеграмата Џинтао ја честита победата на партијата на тајванскиот претседател Ма Јинг Јеу на последните парламентарни избори во земјата. Кинескиот претседател во телеграмата не му се обраќа на Јинг Јеоу како претседател нити пак како лидер на Тајван.