Сара Пејлин поднесе оставка

Гувернерот на Аљаска Сара Пејлин денеска поднесе оставка. Во своето обраќање во градот Фербенкс таа не ги откри плановите за нејзините идни политички ангажмани. Пејлин ја напушти функцијата 17 месеци пред официјалното завршување на нејзиниот мандат.