Два нови сомнителни случаи на свински грип

Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје примени се два нови случаи со симптоми сомнителни за свински грип. Првиот пациент живее во Англија и пред неколку дена пристигнал на гости во Скопје, додека вториот пациент се вратил од одмор во Хрватска. Здравствената состојба на новопримените пациенти е стабилна и се подобрува, соопштија од клиниката.