Примирје со дел од талибанците во Авганистан

Портпарол на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека властите договориле примирје со талибанците во провинцијата Бадгис, во близина на границата со Туркменистан. Договорот бил постигнат во саботата со посредство на верските лидери во провинцијата, а покрај примирјето, предвидува можност и талибанците да гласаат на претседателските избори, закажани за 20-ти август. Властите во Кабул настојуваат да склучат слични примирја и во другите делови од земјата, со цел да биде подобрена безбедносната ситуација пред изборите.