Обвинение против непознат сторител за железничката несреќа во Хрватска

Сплитската полиција покрена обвинение против непознат сторител, поради предизвикување на железничката несреќа, во која во петокот во местото Рудине во близина на градот Каштел, загинаа шест, а 55 луѓе беа повредени, соопшти хрватската полиција.
Дежурниот истражен судија Давор Свалина, по завршувањето на увидот, изјави дека најверојатна причина за несреќата на патничкиот воз на линијата Загреб-Сплит била течноста со која биле прелиени шините за да се спречи палење на дрвените прагови на високи температури.
Во тек е анализа на црната кутија, која треба да ја открие брзината со која се движел возот пред несреќата.