Убиени тринаесетмина талибанци во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека денеска биле извршени воздушни напади врз талибанските милитанти во северозападниот дел на земјата. Според официјални извори, најмалку тринаесетмина талибанци биле убиени и нивните скривници биле уништени.