Русија призна дека ги прекршила украинските закони

Руските власти денеска признаа дека ги прекршиле украинските закони при обид да изнесат ракети од својата база Севастопол на Црно Море, која по распадот на Советскиот сојуз е на украинска територија. Новинската агенција РИА ја пренесува изјавата на портпаролот на руската флота Адмирал Владимир Вистовски кој вели дека обидот за изнесување на ракетите од базата претставува сериозен прекршок, додавајки дека одговорните ќе бидат казнети.