Рен ја поздрави апликацијата на Исланд

Еврокомесарот Оли Рен денеска во Скопје ја поздрави апликацијата за членство во ЕУ на Исланд. „Го поздравувам овој чекор кон понатамошно проширување на Европа, Сега Советот најдоцна до понеделник треба да ја разгледа апликацијата“ рече Рен. Одлуката на исландските власти следи по колапсот на економијата на земјата. Се очекува преговорите за членство да почнат во 2010 година.