Обвинувања за изборни нерегуларности во Киргистан

Кандидатот на опозицијата Алмазбек Атамбаев се повлече од трката за претседателски мандат на изборите во Киргистан. Опозицискиот кандидат изјави дека се повлекува од трката поради изборни нерегуларности, додавајки дека изборите треба да се прогласат за неважечки. Атамбаев, кој е поранешен премиер на земјата, беше главниот противкандидат на актуелниот Претседател Курманбек Бакиев.