Грција не стави вето за приемот на Македонија во НАТО, став на Атина

Грција ќе ги анализира писмените докази што ги достави Македонија до Меѓународниот суд на правдата во Хаг и до поставениот рок до 20 јануари 2010 година ќе ги изнесе своите контра аргументи, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Грчките медиуми, повикувајќи се на извори во МНР во Атина, денеска објавуваат дека грчката позиција за македонската тужба е оти на Самитот на НАТО во Букурешт немало вето за Македонија туку едногласна одлука од сите членки на Алијансата дека услов за прием на земјата е решавањето на спорот за името.