Европската унија ја замрзнува помошта за Хондурас

Европската унија соопшти дека ја замрзнува помошта од 65,5 милиони евра за буџетот на Хондурас, по неуспешните преговори за решевање на кризата во таа земја. Преговорите, водени со посредство на костариканскиот претседател Оскар Ариас, завршија неуспешно, откако вчера, привремената влада во Хондурас одби да го прифати враќањето на власт на соборениот претседател Мануел Зелаја. Државниот удар во Хондурас ја изолираше земјата, а САД и меѓународните финансиски институции ја суспендираа помошта. Зелаја е избран во 2005 и има 4-годишен мандат кој според уставот на земјата не може да биде продолжен.