Украдени експлозиви од склад во Романија

Околу три килограми експлозиви и 1.000 иницијални каписли се украдени од склад на рудникот Плоштина во округот Горж во јужна Романија, соопшти телевизијата Антена 3. Според портпаролот на Окружниот полициски инспекторат во Горж Даниел Тика, материјалите биле украдени во периодот меѓу 9 и 20 јули. Кражбата била потврдена денеска откако чуварите се вратиле на работа по едномесечниот принуден одмор.