Хашкиот Трибунал им изрече казна затвор на двајца босански срби обвинети за убиства на муслимани во војната во Босна од 1992 до 1995 година. Како што соопшти Трибуналот братучедите Милан и Средоје Лукиќ се обвинети за учество во „една од најголемите кампањи за етничко чистење“. Еден од двајцата обвинети е осуден на доживотен затвор додека другиот ќе одлежи 30 години.