Мерки за спас на исландскиот финансиски сектор

Властите на Исланд презентираа пакет мерки за спас на колабрираниот финансиски систем на земјата. Планот предвидува рекапитализација на банкарскиот сектор во вредност од две милијарди американски долари. Министерството за финансии соопшти дека планот е значаен чекор кон опоравувањето на земјата.