Џо Бајден во Украина и Грузија

Потпретседателот на Соединетите Држави Џо Бајден денеска ке ја посети Украина а потоа и Грузија. Негова мисија е да ги убеди двете земји дека подобрувањето на односите со Русија не е на нивна сметка. Тој во Украина ке побара обединување на лидерите околу демократските и економските реформи. Бајден Тбилиси ке го посети утре.