Протести во Косово

Учесниците на протестот на ветераните од последната војна во Косово денеска фрлаа молотови коктели врз зградата на косовската Влада. Демонстрантите бараат да се применува Законот што е усвоен пред десет години и најавија дека протестите ќе продолжат се` додека не се исполнат нивните барање. Во меѓувреме, припадниците на единицата за деминирање на КФОР отстранија две експлозивни направи од дворот на косовската Влада, соопшти косовската полиција.