Нови податоци за бројот на загинати во Иран

Интернационалната кампања за човекови права соопшти дека бројот на загинати во протестите во Иран кои настанаа минатомесечните претседателски избори е многу поголем од официјалните извештаи. Според податоците на меѓународната организација во протестите загинале 34 лица. Иранската државна телевизија соопшти дека во протестите загинале десетмина а 100 лица биле повредени.