Наскоро лидерска средба?

Лидерската средба на 1 март, 2009

Опозициската СДСМ бара лидерска средба на која би се разгледувал најновиот предлог за името на медијаторот Метју Нимиц. И ДУИ со став дека прашањето за името треба да се разгледува на лидерска средба, додека ДПА останува на ставот за бојкот
Потребна е лидерска средба за името и за други битни прашања за Македонија, велат од опозицијата, но и од ДУИ, колициониот партнер во владата. Од ДПА остануваат на ставот и понатаму да ги бојкотираа лидерските средби и седниците во собранието, а од
Крајно време е премиерот да сфати дека тој е единствено одговорен во државата. Одговорноста сме подготвени сите да ја носиме. И конечно, крајно време е да соопшти став
Владата велат дека тоа е партиска работа и за тоа треба да се договорат партиите. При последната посета на Македонија, медиаторот во спорот за името со Грција, Метју Нимиц, порача дека до август сака да ги слушне одговорите за предлозите и на двете страни. Од СДСМ уште тогаш побараа лидерска средба , откако претходно го одбија предлогот нивниот лидер да се сретне со преговарачот Зоран Јолевски. Тие велат дека е потребен политички консензус и за името ,и за аспиациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

„Крајно време е премиерот да сфати дека тој е единствено одговорен во државата. Одговорноста сме подготвени сите да ја носиме. И конечно, крајно време е да соопшти став, сепак премиерот нема сеуште став или се обидува да ја подготви јавноста за одредени важни прашања од кои зависи судбината на државата.“

вели потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Решавање на името, оваа проблематика може да се решава само на лидерска средба, коишто сериозно треба да одлучуваат за оваа проблематика, на начин Македонија што поскоро да добие покана за членство во НАТО и датум за преговори за членство во ЕУ

Од ДПА велат дека нема политички дијалог. Оттаму велат дека на сите досегашни лидерски средби се разговарало за се и сешто само не за битните прашања за албанците. Затоа тие ја напуштија и претходната лидерска средба, најавуваат дека ќе ги бојкотираат и наредните, а не одат ниту на координативните седници на собранието кои се одржуваат секој понеделник.
За разлика од нив, од ДУИ сметаат дека токму на тие собраниски седници се гледа дека има политички дијалог.

„Решавање на името, оваа проблематика може да се решава само на лидерска средба, коишто сериозно треба да одлучуваат за оваа проблематика, на начин Македонија што поскоро да добие покана за членство во НАТО и датум за преговори за членство во ЕУ,“

вели Тахир Хани од ДУИ. Нивниот лидер по вчерашната средба со еврокомесарот Хавиер Солана одби да одговори дали знае што содржи пакетот што го предложи медијаторот Нимиц. Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, при неодамнешната посета на Загреб рече дека Македонија до крајот на август ќе се произнесе за последните предлози што ги даде посредникот на ОН. Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ најавија дека Груевски имал намера да свика лидерска средба во моментот кога ќе имало конкретни предлози на маса од медијаторот Метју Нимиц.