Најмалку 12 припадници на тајната мексиканска служба се убиени во Mексико, соопштуваат тамошните власти. Припадниците на воената служба, првин биле мачени, а потоа убиени и фрлени покрај еден планински пат во Мексико. Според тамошните власти, станува збор за еден од најтешките напади на федералните сили, од кога претседателот Филипе Калдерон им објави војна на нарко дилерите.