Премиерот Гордон Браун ја брани британската стратегија за Авганистан тврдејки дека добро се спроведува и покрај зголемениот број на загинати британски војници во земјата. Браун ги соопшти своите ставови во допис до Парламентарниот комитет, една недела по смртта на осум британски војници во Авганистан.