ММФ одобри заем за Босна и Херцеговина

Меѓународниот монетарен фонд синоќа одобри заем од една и пол милијарди долари за Босна и Херцеговина. Аранжманот е во траење од 36 месеци. Првата транша од 282 милиони долари ќе бидат достапни веднаш, а остатокот ќе се повлекува по кварталните прегледи и исполнувањето на услови од програмата.