Двајца српски полицајци повредени во гранатен напад

Српската полиција соопшти дека двајца припадници на специјална полициска единица биле повредени во јужниот дел на земјата во близина на границата со Косово. Портпаролот на српското Министерство за внатрешни работи Ивица Дадиќ изјави дека возилото на двајцата полицајци било погодено од граната во близина на градот Лучани. Инцидентот се случил во долината Прешево, област во која има мнозинство албанско население.