На Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминатото деноноќие се примени два нови случаи со симптоми на грип од типот А (Х1Н1). Како што соопшти Министерството за здравство, првиот пациент е од Босна и Херцеговина. Toj вчера пристигнал во Скопје. Другиот пациент од Германија допатувал во Македонија пред два дена. Двајцата се примени на Клиниката со симптоми на грип и со зголемена телесна температура.