Нимиц одби да даде изјава по средбата со Милошоски

Медијаторот Метју Нимиц по денешната попладневна средба со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски рече дека утре ќе даде изјава за медиумите. „Нема да дадам никаква изјава до утре. Со министерот имавме многу добар и долг разговор. Ќе зборувам утре, а не денеска“ истакна Нимиц, одговарајќи на новинарско прашање дали дошол во Македонија со нов предлог. Според агендата, посредникот за македонско грчкиот спор околу името кој допатува денеска во Скопје, утре ќе има одделни средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Нимиц потоа заминува за Атина каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани и со преговарачот Адамантиос Василакис.