Нимиц доаѓа во Македонија

Специјалниот посредник на Обединетите нации во спорот за името со Грција Метју Нимиц, денеска пристигнува во Скопје.
Предвидено е попладне Нимиц да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. По Скопје, Нимиц патува и во Атина, каде што, според тамошните медиуми, ќе се сретне со министерката за надворешни работи Дора Бакојани и со преговарачот Адамантиос Василакис. Нимиц рече дека во Скопје доаѓа „внимателно да ги слушне ставовите на македонската страна“ и оти ќе побара од преговарачите многу напор и работа.