Јеремиќ: Да ја изолираме Приштина во полудефиниран статус

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјави дека во овој момент сите напори на српската дипломатија се насочени кон спречување повеќе држави да го признаат Косово. „Нашите напори се насочени кон тоа веќе никој да не го признае Косово, да не стане членка на ниту една меѓународна организација. Со други зборови, да ја изолираме Приштина во полудефиниран статус од кој ќе може да излезе само низ обнова на дијалогот со Белград“ изјави Јеремиќ во интервју за весникот „Вечерње новости“. Според него, откако Меѓународниот суд за правда го преземал случајот, почнале и обидите да се промени глобалната реалност.