Прогноза за времето- прво сонце, па невреме

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно облачно проследено со локален дожд и со појава на грмежи. Во одделни делови ќе има услови за појава на невреме. Утринската температура се движи од 11 до 18, а дневната ќе биде од 25 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно облачно со дожд и со појава на грмежи. Утринската температура е околу 16, а дневната ќе достигне до 31 степен.