Нов заболен со симптоми на грип од типот А во Македонија

Српски државјанин е пренесен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, под сомнение дека е заболен од новиот грип од типот А. Пациентот, кој вчера пристигнал во Македонија, посетувал роднини во Пехчево а претходно престојувал во Грција. Министерството за Здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести констатирала дека во Македонија се зголемува бројот на лица со симптоми на новиот вирус, што се очекувало поради зачестените патувања во летниот период.